Како е снимен и забранет првиот југословенски порно филм

оаза
ФОТО: Принтскрин/Јутјуб

Хрватски „Index“ во соработка со „Yugopapir“ соопштува приказна од 1987 година за контроверзниот загрепски режисер Звонимир Мајцуг на кого му била одземена работната верзија на порнографскиот филм „Оаза“. Тој напишал книга, која ја прочитал авторот на текстот Жеjко Марковиќ.

Јавачот на апокалипсата Звонир Мајцуг

Звонимир Мајцуг во 1974 година, започнал интензивно да работи на аматерски филм, со група млади момчиња со слична вокација, а една година подоцна се посветил на пишување сценарија за документарни и играни филмови. Потоа се обидел да се запише на Академијата, но не бил примен, што не го поколебало. Во 1980 година, го напишал сценариото, а две години подоцна го снимил филмот „Ja sam tvoj Bog“, во кој глуми Ружица Сокиќ.

Во меѓувреме, Мајцуг го објавил првиот број на списанието „YU EKSPRES“, кој властите го забраниле наводно поради порнографија. На насловната страница бил објавен Дедо Мраз со голем екстремитет. Со забраната, „Ja sam tvoj Bog“, бил повлечен од киносалите во Загреб. Штом се смирила ситуацијата, Мајцуг го снимил филмот „Оаза“.

Со одлука на „Општинскиот суд“ во Загреб, предводена од млад судија Ранко Маријан, на 20 декември 1985 година, филмот бил оценет како порнографски, а авторот бил осуден на три месеци затвор (една година условна казна).

Изјавата на Мајцуг по напуштањето на судницата е позната: „Луѓето ќе го позлатат сето тоа…“ Оттогаш, работната верзија на „Оаза“ живее во сенка.

Мајцуг се обратил на пресудата со книга, верувајќи дека тој е оштетен и филмот неправедно прогласен за порнографија. Неговиот главен аргумент бил дека му е одземена работната верзија, што во таков облик, според изјавата пред судот, никогаш немало да биде објавено во јавноста. Во таа смисла, судот, според него и неговиот адвокат, реагирал против уставно на загарантираните слободи на изразување.

„Тоа што ме судите врз основа на работна верзија е како да гоните писател врз основа на работен ракопис за идна книга…“

ПРЕСУДА

Во име на народот! Обвинетиот Мајцуг Звонимир е виновен за снимање на филм од 16 мм од 13 до 17 септември 1984 година во Загреб, на „Опоровешка 21“ и на неодредени отворени простори во градот, за продажба, според сопствено сценарио, работен материјал за филмот „Оаза“, во должина од 1624 метри и траење околу 3 часа, со низа сцени на индивидуален сексуален однос на жена со тројца мажи, така што камерата регистрира навлегување на машки полови органи во женски, сцени на орален сексуален однос на актери во филмот, постојано снимање на гениталиите во преден план, а со тоа, покажувајќи на вулгарен начин интимни врски, снимен е филм чија единствена цел е да прикаже различни начини на сексуален однос меѓу мажи и жени, а бидејќи е наменет за широк круг на луѓе истовремено го понижува достоинството на жената, која стана предмет на задоволување на нечија сексуална страст, затоа тој произведе предмет што сериозно го навредува моралот, со што изврши кривично дело против другите општествени вредности… “

Пресудата била донесена откако непрофесионални лица ја прегледале работната верзија. Во него посредувале неколку политички фигури и стручниот сведок бил Владимир Цвитан, филмски критичар.
Главниот факт, сепак, е дека авторот бил осуден врз основа на работна верзија, односно нешто што сè уште е во постапка.

Еден извадок од книгата на Мајцуг – Како е снимено и забрането првиот југословенски филм за возрасни

„Бидејќи се договоривме да го снимаме филмот во деветтиот месец, моравме да брзаме со аудицијата. Објавивме оглас во „Večernjem listu“. Првите кандидатки почнаа да се јавуваат на телефон, каде што дежураше Мици, сакајќи да добијат улога во филмот. Девојките разговараа внимателно и договорија аудиција, која требаше да ја организираме за два дена – сабота и недела попладне , поради зголемениот интерес на девојчињата.

Аудицијата се одржа во поранешните простории на „Панонија Филм“. Околу триесет девојки присуствуваа на аудицијата и во двата дена. Дојдов на аудицијата подоцна од другите затоа што официјално бев отсутен. Девојките ги пречекаа момците од тимот. По моето пристигнување разговаравме за самиот филм. Мици и Дампа претходно им ги дадоа сценаријата што ги прочитаа и почнавме да разговараме за содржината на филмот. Дадо и Влатко внимателно го набљудуваа однесувањето и начинот на изразување на сите девојки. Тука беше и Снежана Врчан, која ме поздрави гласно, карактеристично за оние кои сакаат да привлечат внимание кон себе.

„Звонимир, Борис ми кажа сè, односно целата содржина на филмот, сега го прочитав сценариото и прифаќам сè. Ги испробав сите тие секси сцени со момците од Клека“, извика Снежана, сакајќи сепак да биде избрана.

„Чекај, те молам, да се поздравам со сите девојки. Сите сте еднакви тука и секој од вас има целосно право да се информира за ова сценарио според кое ќе се снима филмот. Сега ќе ви ја објаснам содржината на филмот, начинот на снимање на сите сцени, какво ниво на глума бараме од вас и сè што е поврзано со овој проект. После тоа, можете да поставите прашања на кои ќе одговориме јас и моите соработници“.

Сите девојки повторно го разгледуваат сценариото, читајќи делови што порано не беа во можност да ги анализираат подетално. После тоа им објаснив сè во врска со филмот. После тоа, девојчињата почнуваат да се распрашуваат за улогата на Лолита, за секс сцените, дали се полутемни или темни, дали се вистински, како се играат тие сцени итн.

„Слободно можете да прашате и да се распрашувате за сите сцени и други информации поврзани со филмот. Тука нема новинари и дискрецијата е загарантирана. Тука ве има многу, свесни сте дека само еден од вас ќе ја игра Лолита, но немојте однапред да мислите дека некој има протекции. Ние навистина ќе го избереме оној кој најмногу одговара на улогата. Во филмот има многу споредни улоги, кои не се секси, па можете да ги играте, затоа, ве молиме, прочитајте и други улоги, не само Лолита“.

Снежана се однесува најприродно и најслободно, момците од Клака добро ја научија пред аудицијата. Таа продолжува да зборува за прифаќање на улогата на Лолита без резерва… “

Впечатоци од проекцијата на „Оаза“

Владимир Цвитан, филмски критичар од Загреб, бил на проекцијата на работната верзија на „Оаза“ и еве што забележал по тој повод:

„На сиромашниот формат на 16мм лента, во левиот дел од големиот бел екран во Јадранската сала, се разбира, сè без тон, што само го засили тажниот впечаток на некои импровизирани, ефтини, нејасни порничи на пример, во предградијата од Хамбург, се одвиваше – in medias res – сцена на орален секс меѓу жена и оџачар.

Тој беше гол, лицето му беше зачадено и со оџачарска капа на главата се преправаше прилично несмасно дека ужива во она што устата на девојчето го изведуваше меѓу неговите нозе. Тој беше млад човек со просечна градба и потпросечна сексуална техника, барем според она што го покажа во филмот. Девојчето, главната и единствена актерка во филмот, несмасно се шеткаше околу неговите полу-еректирани гениталии и ништо не можеше да се препознае на нејзиното шарено лице – дури ни здодевноста“.

Текст: Жеjко Марковиќ (Glas omladine, 1987)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот