Како да воспитате добро дете?

профимедиа

И покрај целото лудило на модерното време, основното морално воспитување на детето не се променило. Родителите сакаат нивните деца да ги остварат своите цели и да ја пронајдат својата среќа, но научниците од Харвард веруваат дека поради тоа не мора да трпат љубезност и емпатија. Тие претставуваат неколку испробани стратегии кои претставуваат најдобар начин за од вашето дете да формирате морално исправна личност и личност која е ориентирана кон исполнување на своите цели. Ви претставуваме 6 практични совети.

1. Поминувајте време со вашите деца

Ова е основа на сѐ. Поминувајте квалитетно време, поставувајте им отворени прашања за нив самите, за светот и како тие го гледаат и внимателно слушајте ги нивните одговори. Покрај тоа што ќе научите кои работи го прават вашето дете посебно, ќе им покажете како да се грижат и да се интересираат за другите луѓе.

2. Она што е важно, кажете го јасно и гласно

Според научниците, иако поголемиот дел од родителите и негувателките велат дека грижата за детето е приоритет, често децата не ја слушаат таа порака. Затоа кажете им го тоа. Така тие ќе знаат дека тоа е нешто на кое треба да се навикнат и посоветувајте се со наставниците, тренерите и другите луѓе кои работат со вашето дете, како тие се снаоѓаат во тимската работа, како соработуваат и дали растат во добри личности.

3. Покажете му на детето како да реши некој проблем

Спроведете ги низ процесот на донесување одлуки кои можат да влијаат и на другите луѓе. На пример, ако детето сака да се откаже од спортот што го тренира или некоја друга активност, охрабрете го да го идентификува изворот на проблемите и да ја преиспита својата посветеност кон тимот. Потоа помогнете му да сфати дали откажувањето навистина го решава проблемот.

4. Воведете рутина на помагање и благодарност

Според научниците, истражувањата покажале дека луѓето кои имаат навика да искажуваат благодарност се повеликодушни, почувствителни, поподготвени да помогнат и простуваат, но исто така, тие имаат и поголема шанса да бидат посреќни и поздрави. Затоа им се препорачува на родителите да се држат до тие основи, барајќи од децата да му помогнат на својот брат, сестра и да бидат благодарни за она што ќе им го направат. А, кога станува збор за наградувањето на „доброто однесување“, научниците препорачуваат родителите да ги наградуваат невообичаените, несекојдневни дела на љубезност.

5. Обрнете внимание на негативните емоции

Способноста за грижа за другите може да се намали кога чувствувате лутење, срам, завист, или други негативни емоции. Помагајќи им на децата да ги идентификуваат, именуваат и анализираат тие емоции, ги водиме кон безбедно и сигурно решавање на конфликтите, што и понатаму ги држи фокусирани на тоа да бидат грижливи суштества. Исто така е важно да поставите јасни и разумни граници кои тие ќе ги разберат и за кои ќе сфатат дека се поставени од љубов и грижа за нивната безбедност.

6. Покажете им ја на децата пошироката слика на ситуацијата

„Скоро сите деца сочувствуваат и се грижат за малиот круг на семејството и пријателите“, велат научниците. Суштината е да ги научите да се грижат за луѓето кои се општествено, културно, па дури и географски надвор од тој круг. Ова може да се постигне така што ќе ги научите внимателно да ги слушаат другите, односно ќе ги охрабрите да се стават на местото на другите луѓе и да се најдат во „нивните обувки“, како и со вежбање емпатија низ одредени примери од вести или забава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот