Како да направите домашна коцка за супа: Здрав бујон

Фото: Denis Zubchenko / Alamy / Alamy / Profimedia

Наместо да купувате, направете сами домашни коцки за супа со кои многу полесно се подготвуваат домашните супи или чорби. Домашните коцки за супа се многу практични, а и многу поздрави од оние купените во продавница. Се мешаат со топла вода и на тој начин се создава бујон, кој може да го разубави секое јадење, а месото секако ќе го направи посочно. Во бујонот додајте ги другите состојки по желба и така ќе направите супа или чорба.

Состојки:

– 3 моркови
– 1 праз
– 2 пашканат
– 2 китки магдонос
– 1 кромид
– 2 чешниња лук
– 1/2 келераба
– 1/2 целер
– лисја од целер
– 1 лажичка куркума
– 1 китка магдонос
– масло
– 80 грама сол

Фото: Magone / Alamy / Alamy / Profimedia

Подготовка:

Во сад се ставаат излупениот, ситно сечкан морков, сечканиот праз, пашканатот, коренот од магдонос, кромидот и лукот, келерабата, целерот и листовите целер. Во тава со загреано масло ставете го сечканиот зеленчук, па посолете и посипете куркума. Откако зеленчукот ќе го ослободи сокот, варете уште 8 минути. Потоа ставете го зеленчукот во блендер и исечкајте го. Префрлете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и израмнете ја. Покријте со проѕирна фолија и оставете преку ноќ во замрзнувач. Исечете ги коцките и секоја завиткајте ја во проѕирна фолија. Чувајте во замрзнувач до употреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот