Каевски: Плата од 14.500 денари за спортистите и спортските работници!

Фото: МИА

– Оваа финансиска поддршка се обезбедува од буџетот на Република Северна Македонија – вели директорот на Агенцијата за млади и спорт.

На вчерашната седница Владата донесе уредба со законска сила со која се утврдува исплаќање на финансиска поддршка за спортистите, стручните лица и спортската администрација.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски одржа прес-конференција по повод донесените мерки од Владата на Република Северна Македонија и Агенција за млади и спорт во областа на спортот.

Како што изјави Каевски во време на пандемија, на Ковид-19, кога нашата држава, но и целиот свет се соочува со голем тест, Владата и институциите дејствуваат во насока на создавање силен и ефикасен одговор на оваа ситуација.

– 14.500 денари плата за месеците април и мај за спортистите и спортските работници.

– 14.500 денари за сите клубови кои имаат регистрирано минимум 40 млади спортисти до 18 години во индивидуалните спортови, односно минимум 80 млади спортисти до 18 години во екипните спортови.

– Финансиски средства за реализација на Националниот спортски систем на сите Национални спортски федерации до крајот на 2020 година.

– Финансирање на програмите на индивидуалните врвни спортисти од олимписките спортови.

– Предлог за 50% намалување на цените на услугите на спортските објекти во надлежност на институциите.

– Ослободување од плаќање годишна членарина или котизација, што клубовите имаат обврска да ја платат до крајот на 2020 година.

Оваа финансиска поддршка се обезбедува од буџетот на Република Северна Македонија и се исплаќа врз основа на статус на вработен и ангажиран на договор, на лице, во клубови и на национални спортски федерации кои имаат решение за вршење на дејност спорт – се зборовите на Каевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот