Автобус на ЈСП /Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

ЈСП воведува онлајн надополнување на картичките

Патниците во јавниот превоз во Скопје отсега ќе можат своите картички за превоз во автобусите на ЈСП да ги надополнуваат и онлајн, без физичко присуство и без чекање во билетарниците, соопшти претпријатието.

Новата функционалност е достапна преку официјалната веб-страница, каде што корисниците можат за неколку минути да додадат билети или средства на картичката, користејќи телефон или компјутер.

Според ЈСП, процесот се одвива во неколку едноставни чекори и треба да ги намали редиците на билетарниците, како дел од дигитализацијата и модернизацијата на услугите во јавниот превоз.

Новината, иако добредојдена, доаѓа во време на вистинска криза со јавниот транспорт во Скопје, а граѓаните постојано се жалат дека автобуси нема, а и тие што ги има – доцнат.

ЈСП доби уште 150 милиони денари субвенции за вработените да се „мирни“ до крај на годината

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот