Јовановски: Економиите ќе се соочуваат и со втор удар од КОВИД-19, следуваат банкроти (ВИДЕО)

Имаме многу поразлична ситуаци од досега, пред изборите. Техничката влада функционира. Во услови вакви кави што имаме може да носи и економски мерки. Во друга ситуација, при нормални избори, постојат голем број на опграничувања во тој период. Јас не очекувам дека некој би можел да каже дека изборите ќе ја забават дополнително економската активност, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ универзитетскиот професор, Зоран Јовановски.

Јовановски додаде и дека е факт дека целиот свет, не само Македонија, овој период се соочува со најдлабоката рецесија која е забелена од „Големата депресија“ каде што БДП на светско ниво опаѓа за повеќе од 20% со драматично зголемување на невработеноста во многу земји.

– Во таков амбиент, не може да се дозволи дури и во изборни услови и подготовки да не се интервенира како што тоа го прават сите. Очекувам и дека техничката влада на тој план да ги искористи овие 8 дена за време на вонредната состојба. Затоа, ќе повторам, не очекувам ова предизборие дополнително да влијае и да има несигурност или да предизвика дополнително намалување на економската активност.

Владите во секоја земја се соочуваат со предизвикот како да се справат со економскиот ефект од корона кризата.

– Економиите ќе се соочуваат и со втор удар од КОВИД-19. Никој не е сигурен колкав ќе биде економскиот ефект изразен во пад на БДП и падот на економската активност. Проекциите се дека ако има еден удар, падот ќе биде од 6%, доколку има втор удар најмалку 7,6% со драматичен пад на БДП во еврозоната меѓу 10 и 12% со пораст на невработеноста од 5 на 10%. Значи секоја влада се соочува со предизвик како да реагира.

– На располагање има две мерки – фискалната и монетарната политика. Двете се поврзани со фискалниот стимулс. Без оглед што монетарната постапува поинаку (печатење пари итн), двете се поврзани со вбризгување пари во националните економии. Обемот на фискалниот стимул на светско ниво во овој момент е проектиран на 10.000.000.000.000 (десет илјади милијарди) долари. Значи ова без преседан е најголем износ кој единствено може да биде контра мерка на негативниот притисок предизвикан со затворањето на националните економии како последица на КОВИД-19. Во такви услови добар дел од владите применуваат различни мерки. Ако објективно и неполитички обоено се гледа, мора да се признае дека нашата влада примени три пакети, постепеноеволуираше, и цело време ја збогатува понудата како тој фискален стимул да заврши точно таму кај што највеќе треба, рече Јовановски.

Целиот разговор со универзитетскиот професор Зоран Јовановски каде што тој говори за субвенциите, можните банкроти и дали е потребна промена на економската политика, погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот