Јелена Томашевиќ им се извини на Хрватките: „Ви дадов многу поени на Евровизија, жалам“

По завршувањето на финалето на Избор на песна за Евровизија, многумина го коментираат гласањето на националните жири-комисии.

Посебно внимание предизвика гласањето меѓу Хрватска и Србија. Имено, многу луѓе беа изненадени што хрватското жири ѝ додели максимални 12 поени на Србија, додека српското жири не ѝ даде ниту еден поен на Хрватска.

Српското жири најмногу поени ѝ додели на Грција – 12, Италија доби 10, Малта 8, Бугарија 7, Данска 6, Норвешка 5, Израел 4, Молдавија 3, Австралија 2 и Полска 1 поен.

По реакциите во јавноста се огласи и Јелена Томашевиќ, која беше дел од српското стручно жири.

„Драга Зорја и драги девојки од групата ‘Лелек’, ви честитам за извонредниот настап.

Од мене синоќа добивте голем број поени. Жал ми е што тоа не се виде во конечниот збир на жирито.

Немојте бодовите да ви бидат главниот впечаток од натпреварувањето. Во 2005 година за песната ‘Утро’ добив нула поени од жирито. Знам како се чувствувате.

Голема прегратка за вас“, напиша Томашевиќ.

Фото: Скриншот

Српското жири годинава го сочинуваа Душан Алагиќ, Иван Милеусниќ, Матеја Блажиќ, Анѓела Враниќ Лорес, Александра Ковач, Јелена Томашевиќ и Мари Мари.

Србија на годинашната Евровизија ја претставуваше групата „Лавина“, метал-бенд од Ниш формиран во 2020 година. Тие настапија со песната „Крај мене“, а бендот го сочинуваат Лука Аранѓеловиќ, Павле Аранѓеловиќ, Андрија Цветановиќ, Павле Самарџиќ, Никола Петровиќ и Бојан Илиќ. Натпреварувањето го завршија на 17. место.

За ситуацијата со гласањето се огласи и групата „Лелек“.

„Така е како што е. Немаме ништо против бендот Лавина. Напротив, се дружевме во Виена и момците ни кажуваа дека ни даваат максимална поддршка“, изјавија тие.

Бугарија победи на јубилејната Евровизија во Виена, Израел заврши на второто место

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот