Јакимовски: За место во градинките чекаат 306 дечиња од Карпош, а во нив се згрижени 200 од други општини

Стевчо Јакимовски
Стевчо Јакимовски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Точна е информацијата дека на 10 јуни ќе им биде ускратено гостопримството во градинките на сите дечиња чии родители не се жители на општина Карпош. Одлуката е донесена на осмата седница на Советот на Општина Карпош одржана на 20 април 2022 година, а јас ова го најавив уште во декември минатата година, но веројатно некој не сакал сериозно да ја прими информацијата, објаснува градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски за „Слободен печат“.

Тој додава дека сега уште еднаш, еден месец однапред, им се соопштува на родителите кои не се жители на општината, дека од 10 јуни нема да можат повеќе да ги посетуваат градинките во општина Карпош. Во моментов 306 дечиња од општината чекаат место во градинките во Карпош, а во нив се сместени 200 деца од други општини. Според Јакимовски, родителите кои живеат во општина Карпош и не можат да ги згрижат децата во градинка, тука плаќаат данок и ги гласале за да им ги решаваат проблемите.

Во градинките на територијата на Карпош има 11 слободни училници со капацитет за околу 150-160 деца, но нема доволно персонал за нивно згрижување.

Немаме согласност од надлежните министерства да примиме персонал. Истовремено, повеќе од 25 негувателки, воспитувачки и технички персонал се заминати од различни причини и за нив нема одобрение да се пополнат испразнетите места. Од тие причини градинките се во многу тешка ситуација. Вработените со крајни напори успеваат само да ги згрижат децата, но за жал отсуствува воспитната и образовната компонента. Сето ова оди на штета на децата од општина Карпош, а јас како одговорен субјект кој е избран од овие граѓани морам да најдам решение – вели Јакимовски.

Деновиве, група родители кои не се жители на општина Карпош, а чии деца одат во градинки во оваа општина, информираа дека добиле известување дека нивните деца ќе бидат отпишани на 10 јуни. Родителите ова го нарекоа „срамен чин“ и побараа од општината да им излезе во пресрет и да покаже солидарност, објаснувајќи дека се принудени да ги носат децата во овие градинки, затоа што нема слободни места  во нивните општини.

Карпош ќе ги отпишува од градинка сите деца што не се од општината, родителите велат: Срамен чин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот