Јадете како рокенрол легенда: Како настанал познатиот Елвис сендвич

Eлвис Присли, Фото: Инстаграм

Елвис Присли или кралот на рокенрол музиката е познат по многу работи, но скромноста не е една од нив. Во неговиот „кичерајски стил“ најљубовно кажано, се вбројува и легендарниот сендвич „Елвис“, кој ќе ги засити и најгладните.

Како што се раскажува приказната, по концерт во 1976 година, Елвис и неговите полициски телохранители се впуштиле во сега затворениот ресторан „Colorado Mine Company“ да каснат нешто. Таму нарачал „Fool’s Gold Loaf“ — сендвич направен со леб од кисело тесто, половина килограм сланина, тегла путер од кикирики и тегла желе. (проценките велат дека сендвичот имал неверојатни 8.000 калории).

Елвис Присли, Фото: peakpx

Некое време подоцна во Грејсленд, на Елвис доцна во ноќта му текнало на тој сендвич и како што би постапила секоја легенда, се качил на својот приватен авион со неколку пријатели и полетал за Денвер. Сопствениците на ресторанот го пречекале со куп огромни сендвичи (некои велат дека донеле 22, други велат 30). Елвис уживал во својот „Fool’s Gold Loaf“ без воопшто да го напушти хангарот (приказните велат дека го комбинирал со „Perrier“ и шампањ), а потоа се упатил назад во Мемфис.

Овој историски сендвич вклучува две парчиња леб, премачкани со кремаст путер од кикирики, прелиени со исечкана или испасирана банана, крунисана со дебели ленти сланина. Токму овој сендвич оттогаш стана познат како Елвис.

Fool’s Gold Loaf, Фото: Викимедија

Потребни состојки:

– 1 лажица путер, омекнат
– 2 парчиња бел леб(оригиналниот рецепт е со леб од кисело тесто)
– 2 лажици путер од кикирики
– 1/2 голема зрела банана, исечена по должина на 4 тенки парчиња
– 4 парчиња сланина, пржена
– 2 лажици мед

Метод:

– Загрејте грил тава на средна топлина. Намачкајте путер на едната страна од секое парче леб. Од другата страна на секое парче леб намачкајте путер од кикирики. Врз путерот од кикирики ставете парчиња банана. Одозгора ставете парчиња сланина и наросете со мед. Одозгора ставете го другото парче леб, намачканата страна со путер, нагоре.

– Ставете го сендвичот на грил тава. Гответе додека не порумени и не стане крцкав, околу 3 минути по страна. Извадете го на даска за сечење, преполовете го и послужете веднаш.

Фото: Инстаграм

РЕЦЕПТ | Баш дека е среда: Коктели со виски кои се прават за 5 минути

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот