Јадење богато со вкусови: Полнети тиквици како идеална комбинација за СЕМЕЈНИОТ РУЧЕК (РЕЦЕПТ)

профимедиа

Едноставно се подготвува, вкусно е и богато зачинето.

Полнетите тиквици со мелено месо и зачин се одличен предлог за сите гурмани.

Потребно е:

4 млади тиквички
300 грама мешано мелено месо
2 моркови
3 главици кромид
1 лажица алева пиперка
сол по вкус
1/2 лажица кари
1/2 лашичка мајчина душичка
1/3 лажичка бибер
1/2 лажича босилек
масло по потреба

Подготовка:

Исчистете го кромидот и исецкајте го на коцкички. Морковот исчистете го и изрендајте го. Во намастено тавче ставете го кромидот и морковот со додаток на сол и запржете. Додадете по малку вода и динстајте додека зеленчукот не омекне. Кога зеленчикот ќе се запржи, додадете мелено месо и соединете го со зеленчукот.

Потоа додадете ги зачините, босилекот, биберот, кари и на крај алевата пиперка. Соединете ги зачините со смесата и пржете ги заедно уште малку. Тивкичките пресечете ги на половина и издлабете ги со мала лажичка.

Сочувајте го извадениот дел од тиквичката и додадете ја смесата со мелено месо, па се заедно измешајте. Внатрешноста на тиквичката посолете ја и наполнете ја со смесата. Наредете ги тиквичките во плех, покријте со фолија и ставете ги во веќе загреана рерна на 200 степени.
После половина час, зависно од јачината на рерната, извадете ги од рерната.

Внимателно симнете ја фолијата за да не ве изгори пареата и вратете ги тиквичките во рерна на уште 15 минути да се запечат.

Пријатен ручек!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот