Извршниот директор на ЛОИ во Токио под истрага за примање мито

Харујуки Такахаши/фото: EPA-EFE/ISSEI KATO

Јапонската полиција изврши претрес во домот на извршниот директор на Организациониот комитет на Летните олимписките игри во Токио, Харујуки Такахаши (78) поради обвинение дека примил мито од спонзор на Игрите.

Полицијата се сомнева дека Такахаши добил околу 330.000 долари од компанијата за продажба на костуми „Аоки Холдингс“ со која потпишал консултантски договор, објави јапонската агенција Кјодо.

Откако го потпишале консултантскиот договор, „Аоки Холдингс“ стана официјален спонзор на Игрите во Токио, што му овозможи да го користи официјалното лого и да продава лиценцирани производи.

Јапонското обвинителство смета дека овој потег претставува поткуп, бидејќи Такахаши се сметал за државен службеник кој не треба да добива пари или подароци поврзани со неговата позиција.

Такахаши минатат недела изјави дека парите што ги добила неговата фирма биле за консултантски услуги.

– Нема конфликт на интереси со мојата позиција како член на одборот на Организацискиот комитет на Игрите во Токио 2020 година – рече Такахаши за весникот „Јомиури Шимбун“.

Поради пандемијата на коронавирусот, наместо во 2020, Олимписките игри во Токио се минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот