Изнер за Ѓоковиќ: Освој го трофејот, напушти го градот и не се враќај повеќе

Џон Изнер посакува повторно Новак Ѓоковиќ да освои грен слем титула во МелбурнФото: EPA/MICHAEL NELSON

Американскиот тенисер Џон Изнер не го криеше задоволството од одлуката на судот во Австралија да му ја врати визата на Новак Ѓоковиќ.

Најдобриот светски тенисер го доби случајот против државата Австралија, беше ослободен и му беа вратени пасошот и личните работи.

Австралиските власти не се откажуваат и се најавува дека Србинот ќе биде апсен и дека му се заканува итна депортација од Австралија и покрај позитивниот исход од судот.

– Останува само повторно да го освоиш трофејот, да го напуштиш градот и никогаш да не се вратиш – се зборовите на Изнер.

Останува да се види наскоро дали и официјално Ѓоковиќ ќе ја има можноста да се бори за 10 титула на „Австралија опен“, што би била 21. на Грен слем турнирите во кариерата, најмногу во историјата на овој спорт, веднаш пред Рафаел Надал и Рожер Федерер кои имаат по 20.

Постои и можноста министерот за имиграција Алекс Хок повторно да му ја одземе визата, поради што Ѓоковиќ би можел да се соочи со тригодишна забрана за влез во земјата.

Новак Ѓоковиќ ја доби жалбата против депортацијата од Австралија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот