Изненадување во Торонто, Бразилка ја исфрли најдобрата тенисерка на светот

Беатриз Хадад Маја приреди изненадување во Торонто/фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Бразилската тенисерка Беатриз Хадад Маја приреди големо изненадување во осминафиналето на турнирот од Мастерс серијата 1000 во Торонто со елиминацијата на најдобрата светска тенисерка, Ига Швјонтек.

Хадад Маја која моментно се наоѓа на 24 место на ВТА ранг-листата славеше над Швјонтек по три часа игра со 6:4,3:6,7:5.

Во првите два сета, двете тенисерки направија по еден брејк кој им беше доволен за освојување на сетови и носење на мечот во одлучувачкиот трет сет.

Третиот сет траеше дури 71 минута, а прва тенисерка што направи брејк беше Швјонтек и тоа уште во првиот гем. Хадад Маја веднаш возврати, два пати го одзеде сервисот на Швјонтек и поведе до 4:2 во гемови. Полската тенисерка брзо се созеде од шокот и намали на 4:3 по што во следните гемови беа сигурни на свој сервис.

Бразилката до големата победа дојде во 12 гем кога при нејзино водство од 6:5 ја искористи четвртата меч топка за пласман во четвртфиналето.

Пласман во четвртфиналето обезбеди Симона Халеп ја победи Џил Белен Тајхман во два сета со 6:2,7:5, додека Коко Гоф беше подобра од Арина Сабаленка со 7:5,4:6,7:6. Американската тенисерка Џесика Пегула ја елиминира Камила Џорџи во три сета (3:6,6:0,7:5), додека Јулија Путинцева беше подобра од Алисон Риске со 6:4,7:5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот