Измамената принцеза Дијана: Интервју добиено со лажни документи за абортус на кралската дадилка

Фото: Јутјуб

Принцезата Дајана наводно била изманипулирана со лажни документи за абортус на кралската дадилка Тиги Леџ-Бурк, за да го даде интервјуто во 1995 година, кое до ден-денес го задржа статусот на најинтригантно и експлозивно, бидејќи откри детали за кризата во бракот со принцот Чарлс и неговата врска со Камила Боулс, а подоцна доведе до развод.

Според пишувањата на британските медиуми, репортерот Би-би-си Мартин Башир, за да го добие интервјуто со принцезата која се двоумела, ѝ покажал фалсификуван документ за наводен абортус што го извршила кралската дадилка на бебето од врската со принцот Чарлс.

Фото: Профимедиа, Мартин Башир

Воедно, Дајана била убедена дека принцот Чарлс сака да се ослободи од неа и од Камила за да се ожени со Тиги Леџ-Бурк, која им била дадилка на Вилијам и Хари. Односно, таа верувала дека дадилката забременила од принцот и наводно на некоја забава ѝ пришла на дадилката и ѝ рекла: „Жалам што слушнав за бебето“.

Но, ова е само една од измамите што Башир ги искористил за да го реализира интервјуто. Братот на Дајана, Ерл Спенсер, кој ги запознал новинарот и сестра му, прв излезе со тврдење дека Башир благодарение на многу лаги и фалсификувани документи успеал да го добие интервјуто од Дајана.

Фото: Инстаграм

Лажен абортус

Судијата Лорд Дајсон, кој ја води истрагата, интервјуирал повеќе сведоци, кои зборувале за манипулациите што ги правел Башир. Меѓу нив, освен ова за љубовната врска на принцот со дадилката и наводниот абортус е и дека принцезата била следена од тајните служби. Сите тие работи што ѝ биле приложени како доказ на Дијана, наводно ја натерале да се сомнева дека принцот Чарлс сака да се ослободи од неа и од Камила за да може да се ожени со дадилката. Принцезата толку многу верувала дека е вистина тврдењето за бременост на дадилката, што секретарот на кралицата Елизабета, сер Роберт Фелоус, почнал приватна истрага во дворецот.

Фото: Профимедиа, дадилката на принцовите Вилијам и Хари

Интервјуираните лица на судијата Дајсон му кажале дека Дијана неколку денови пред да го снимат интервјуто, се премислила поради што новинарот нашол лажни документи што му помогнале да ја убеди да прозбори принцезата, која веќе била параноична во врска со бракот и сè што ѝ се случувало.

Страв од атентат

Истрагата што ја води судијата Дајсон треба да заврши за приближно шест месеци, кога се очекува да се донесе конечна одлука за случајот. Според познавачите на работата на судијата, се очекува тој да ја даде најдобрата пресуда, бидејќи е познат како многу темелен и правичен судија. Тој сега соработува со 17 лица, кои се на кој било начин вмешани во интервјуто, за кое се верува дека е направено благодарение на серија од вкупно 32 лаги и измами искажани пред Дијана, а подоцна тоа било повод кралицата Елизабета да побара да се разведат Дајана и Чарлс. Од полицијата велат дека Башир нема да се соочи со кривична пријава.

Фото: Јутјуб

Како и да е, според тврдењата два-три дена по снимањето на интервјуто, Дајана на својот адвокат лорд Мишон (денес починат, н.з.) во Кенсингтонската палата му го искажала стравот дека ѝ се подготвува атентат. Тогаш тој направил детални белешки за нејзините изјави.

Според информациите, Башир ги подгревал стравовите на Дајана, тврдејќи ѝ дека Чарлс е многу вљубен во дадилката. Тој исто така ја убедувал дека нејзиниот телохранител подготвува заговор против неа, за што ѝ рекол дека има снимки од кои се слуша како Чарлс со секретарот го планираат „завршниот удар“.

Дајана која била под стрес и сакала да го откаже интервјуто, исплашена од новите информации што допреле до неа, сепак се премислила и се согласила да продолжи.

Фото: Профимедиа

Башир кој моментално е на боледување, наводно изјавил пред судијата Дајсон дека тој не е виновен за шокантните коментари и за последиците што се појавиле по интервјуто, туку Дајана и дека нејзините стравови од можен атентат биле поради контактот со видовити лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот