Излезе „Културен печат“ број 328 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 328, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (10-13.4.2026), во формат на четири страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– интервју со Сашо Поповски, директор на „Џез фабрика фестивал“ во Битола: Џезот во Македонија е жив, растечки и поврзан културен феномен
– осврт кон концертот на групата „Мизар“ во салата на Македонската филхармонија: „Мизар“ во фантастичен ритам
– Националниот џез-оркестар на 16 април ќе одржи ексклузивен концерт со наслов „Кубанска џез-експлозија“ во Националната опера и балет во Скопје
– изданието број 121 во каталогот на „Шарла рекордс“ е новиот албум на Александар Пејовски со наслов „Метаградот на Серава“
– четири драмски текстови од Коле Ангеловски се објавени во книгата „Да живее Долна Дупка“
– ревијата за литература, култура и уметност „Стожер“ на Друштвото на писателите на Македонија во текот на 2026 година одбележува јубилеј три децении постоење
– младата поетеса Деспина Сиљаноска е победник на петтата „Отскочна даска“, што се одржа како преднастан на шестото издание на Скопскиот поетски фестивал
– во прилогот „Филмски печат“ е објавен текст за промоцијата на поштенска марка издадена по повод 50 години постоење на Кинотека на Македонија.



