Фото: МИА / илустрација

Излет во Холандија се претворил во кошмар — кола влетала во деца на точаци, загинаа четворица

Четворица, меѓу кои три деца, вчера загинаа откако автомобил удри во група ученици на училишна велосипедска тура, објави „Јуроњуз“.

Трагедијата се случила во близина на селото Вогелварде, недалеку од белгиската граница.

„Патнички автомобил се судрил со група од 14 деца на велосипеди и двајца придружници за време на училишен камп. Три лица починаа на самото место“, соопштија властите.

Третото дете починало откако било пренесено во болница.

Полицијата соопшти дека и други луѓе од групата биле пренесени во болница, но не ја соопшти возраста на жртвите.

Од полицијата додадоа дека е уапсен 19-годишен маж, но не прецизираа дали тој бил возачот на автомобилот.

Холандскиот премиер Роб Јетен им изрази поддршка на роднините на жртвите, објавувајќи на социјалните мрежи дека денот кој требало да биде излет „се претворил во кошмар“.

Возач на автобус тајно влегувал и правел скици од воени објекти во тетовската касарна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот