Касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово / Фото: АРМ

Возач на автобус тајно влегувал и правел скици од воени објекти во тетовската касарна

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 61-годишниот А.Ш. од скопското село Студеничани поради сомнение дека неовластено влегувал во воени објекти, по што правел скици и цртежи од воениот простор и борбените средства.

Според информациите од полицијата, осомничениот работел како возач на автобус во фирма ангажирана од Министерството за одбрана за организиран меѓугарнизонски превоз, при што на 17 февруари годинава влегол во кругот на касарната во Тетово.

„Во кругот на касарната во Тетово направил три видео записи, кои подоцна ги споделил преку мобилна апликација“, се вели во полицискиот извештај.

Од Секторот велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот