Избран најтажниот филм на сите времиња! Дали се согласувате?
Љубителите на филмови го избраа најтажниот филм на сите времиња, а победник, со голема предност пред конкуренцијата, е блокбастерот „Титаник“ (Titanic). Во анкета спроведена меѓу 2.ooo гледачи, филмот на Џејмс Камерон од 1997 година ги надмина класиците како „Бележникот“ (Note book) и „Дух“ (Ghost).
Препорачано
Истражувањето, што го нарачана телевизискиот канал „Грејт романс“, покажа дека дури 41 отсто од испитаниците плачеле со трагичната љубовна приказна на богатата аристократка Роза ДеВит Букатер и сиромашниот уметник Џек Досон на првото и последното патување на „Титаник“.
Филмот во кој глумат Кејт Винслет и Леонардо Дикаприо најмногу ги погодил жените – речиси половина од анкетираните (47 отсто) признале дека им се засолзиле очите, додека истото го признале и една третина од мажите (34 отсто).
На второ место се најде романтичната драма „Бележникот“ со Рајан Гослинг и Рејчел МекАдамс, која една петтина од гледачите (20 отсто) ја прогласиле за филм што најмногу ги расплакува. Приказната за децениски долгата љубов помеѓу Ноа и Али за потажна ја сметале жените (26 отсто) отколку од мажите (15 отсто).
Повеќе од 10 отсто од испитаниците рекле дека хитот „Дух“ од 1990 година со Патрик Свејзи и Деми Мур најмногу ги расплакал.
Холивудските класици како „Однесено со виорот“ и „Казабланка“ добија 10, односно 9 отсто од гласовите, исто колку што добила и модерната романтична комедија „Всушност љубав“.
На остатокот на скалата се нашле „Убава жена“ (8 отсто), „Нотинг Хил“ (6 отсто), „Валкан танц“ (6 отсто) и „П.С. Те сакам“ (6 отсто). Истражувањето, исто така, потврдило дека жените плачат двојно почесто во текот на филмовите од мажите.
Кејт Гартланд, директорка за маркетинг во „Грејт романс“, ги коментирала резултатите за „Дејли меил“.
– Вистинска штета е што веќе долго време немавме големи филмови за плачење. Големата љубовна приказна е нешто прекрасно што останува за цел живот. Не е изненадување што „Титаник“ е на прво место, а не е изненадување ниту за нас во „Грејт романс“ што љубителите на филмови очигледно го сакаат класичното раскажување приказни. Тоа не недостасува на нашиот канал – рекла таа.
ВИДЕО | Леонардо Дикаприо ја откри неговата најголема тајна за култниот филм „Титаник“


