Сцена од филмот „Титаник“ / Фото: Профимедиа

ВИДЕО | Леонардо Дикаприо ја откри неговата најголема тајна за култниот филм „Титаник“

Леонардо Дикаприо, еден од најпознатите и најуспешни актери денес, откри интересен детал за својот однос кон филмовите кои ги снима. Во разговор со колешката Џенифер Лоренс, во емисијата „Актери за актери“, тој призна дека никогаш  не го погледнал својот најпознат филм „Титаник“ од 1997 година, пренесува „Пипл“.

Ова изненади многумина, бидејќи „Титаник“ е еден од најуспешните филмови на сите времиња и остави длабок белег во филмската индустрија.

Правила и исклучоци

Дикаприо откри дека има правило никогаш да не ги гледа своите филмови, што може да изгледа необично за некој кој постигнал таква слава. Кога Џенифер го прашала дали го гледал „Титаник“, неговиот одговор бил краток и јасен:

„Не. Никогаш не сум го гледал.“

Ова правило, иако ригорозно, има свои причини. Актерот смета дека е подобро да се фокусира на идните проекти, отколку да се враќа на тоа што веќе е снимено.

Сепак, Дикаприо во откри и исклучок од ова правило. Во разговор за со режисерот Пол Томас Андерсон, тој рече дека постои еден филм што го гледал за разлика од другите, а тоа е  „Авијатичар“. Овој филм има посебно значење за него и го означува еден многу важен момент во неговата кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот