Ивановски и Хусеиновиќ испуштија полуфинале на турнирот во Австрија

фото: mtftennis.mk

Македонските тенисери Калин Ивановски и Елдин Хусеиновиќ испуштија шанса да играат полуфинале на фјучрсот во австрискиот град Крамсах.

Во денешното четвртфинале се поразени од Американците Николас Бибел и Џејми Вејнси со 2:1 во сетови 6:4, 4:6, 10:6.

Во првиот сет беше изедначено до самиот крај кога по 4:4 во гемови, Американците поведоа со 5:4, а во 10 гем направија брејк и го добија сетот со 6:4 во гемови.

Во следниот сет македонскиот тандем направи брејк на почетокот на сетот и поведоа со 3:0 и предноста ја сочуваа до крајот и се изборија за решавачки сет откако вториот сет заврши со 6:4 за Ивановски и Хусеиновиќ.

Во решавачкиот сет нашите тенисери поведа со 4:1 и 5:2 во поени, но ривалите направија серија од седум поени. Сетот заврши со 10:6 во поени за Бибел и Вејнси.

Македонскиот тенисер Калин Ивановски ќе игра за финале на фјучрсот во австрискиот Крамсах

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот