Македонскиот тенисер Калин Ивановски ќе игра за финале на фјучрсот во австрискиот Крамсах

фото: mtftennis.mk

Најдобриот македонски тенисер продолжува со успешните резултати на фјучрсот кој се одржува во Крамсах, Австрија.

Денеска во четвртфиналето Калин Ивановски со резултат 2:0 во сетови 7:6 (4) и 6:4 го елиминираше домашниот натпреварувач Сандро Коп.

Нашиот тенисер, кој е втор носител на турнирот, за пласман во финалето ќе игра со подобриот од мечот Ламбер Рулан (Франција) – Матис Ерхард (Германија).

Познат е уште еден полуфиналист Џерард Кампана Ли од Јужна Кореја триумфираше против третиот носител Лукаш Росол од Чешка. Инаку 38-годишниот Росол во својата кариера настапуваше и на грен слем турнирите.

Ивановски го очекува и настап во двојки, во четвртфиналето заедно со Елдин Хусеиновиќ, македонската двојка ќе игра против Американците Николас Бибел и Џејми Венс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот