Иванов: Поради отсуство на тимови за користење на ЕУ фондови, Македонија губи 2 милијарди евра

Европски пари и начинот на кој можевме и може да ги искористиме за сопствен развој – регионален, рурален и човечки.

Гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ беше Ристо Иванов, финансиски консултант, кој говореше за дилемата дали Северна Македонија има тимови и идеи со кои можеме да ги реализираме овие средства.

Од ИПА Фондовите за претпристапна помош, Македонија со очекуваните 600.000.000 во периодот 2021 до 2027, добила или може да очекува над 1.500.000.000 евра.

Ова е податок кој секако ќе ги замисли песимистите и скептиците кои говорат дека од Унијата ништо немаме добиено.

-ИПА 2 е вкупно 608.700.000 евра или околу 100 милиони годишно. Доколку тоа се реализира би значело 1% пораст на општествениот прозивод годишно. Тие пари сепак се само алоцирани. Следниот чекор е да се добијат и третиот да се потрошат. Кај нас работите не стојат баш најдобро. Последните истражувања покажуваат дека ние од тие 100 милиони сме добиле само 67% на сметки во државата. Но од тие 67% само 35% се навистина потрошени, вели Иванов.

Тој зборуваше за стручноста, како и за проблемот со координација на јавните институции.

-Кога се зборува за стручност има две работи. Да ги имаш на располагање и да ги координираш и да обезбедиш информации они да можат да делуваат. Кај нас многу потешко се координираат. Имам примери во кои што три-четири институции коишто заеднички треба да напраат инфраструктурни зафати на јавни институции по година дена не можат да се договорат. И делегацијата на ЕУ се чуди како е тоа можно, изјави Иванов.

Како финансиски консултант, тој истакна дека е неопходно да се даде одговор на прашањата зошто ни треба помош и како располагаме со неа.

-Затоа велам дека ние како Македонија треба да одговориме на две прашања. Зошто ни треба помош и како располагаме со помошта. На пример ние имаме огромна сума на пари кои ги менаџира Светска банка, од Европа бидејќи дека ние немаме капацитет парите ги даваат да ги менаџира Светска банка. И нормално тимот си го наплаќа тоа. На тој начин не само што ги губиме парите, туку и работни места за наши луѓе губиме, вели Иванов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот