Иванишевиќ: Сампрас ми го уништи животот, не можев да спијам поради него

epa08482435 Croatia's Goran Ivanisevic, the coach of Novak Djokovic, reacts prior to the start of the Adria Tour tennis tournament in Belgrade, Serbia, 13 June 2020. The Adria Tour will be held until 05 July in Serbia, Croatia, Montenegro and Bosnia. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Актуелниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ зборуваше за својот најтежок противник во кариерата.

Поранешниот хрватски тенисер нема дилеми, негов најтежок противник во кариерата му е Пит Сампрас.
– Ми го уништи животот, ми ги уништи соништата. Поради него не можев да спијам – вели Иванишевиќ кој потоа додава:
– Во полуфиналето на Вимблдон 1994 година го победив Борис Бекер со 6:2,7:6,6:4 и тоа сигурно беше мојот најдобар меч на овој грен слем турнир. Навистина го уништив Бекер, играв неверојатно. Тој немаше никакви шанси, а знаете ли што значи Бекер на трева? Се сеќавам дека по мечот кога се ракувавме ми рече: Навистина играше фантастично. Подобро е ти да го освоиш овој турнир.

Иванишевиќ во финалето за противник го имаше Пит Сампрас.
– Потоа следуваше финале и човек кој ми уништи 20 години од животот, Господин Сампрас. Не знам, навистина играв одлично, но тој беше подобар. Првите два сета ги доби во тај-брејк, а третиот со 6:0. Не затоа што јас играв лошо туку тој во секој момент беше чекор понапред од мене. Повторно имав шанса наредната година, овој пат игравме во полуфиналето но и тогаш Сампрас победи во пет сетови. Јас бв подобар целиот меч, но клучните поени ги освојуваше Сампрас… Приказната се повторуваше и понатаму, нешто како дежа ву. Навистина сум горд што играв во ерата на Пит Сампрас и што имав фантастични мечеви против него. Сепак, ми го уништи животот, ми одзеде 20 години – изјави Иванишевиќ.
Иванишевиќ има уште еден пораз од Сампрас во завршницата на Вимблдон, и тоа во финалето во 1998 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот