Италија ќе игра против Полска во финалето на одбојкарското СП

Фото: EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Одбојкарската репрезентација на Италија е вториот финалист на Светското првенство откако во полуфиналето убедливо ја совлада Словенија со максимални 3:0 во сетови и тоа 25:21, 25:22, 25:21.

„Аѕурите“ во финалето ќе играат против домаќинот Полска која претходно во драматичен натпревар со 3:2 во сетови славеше над Бразил.

Италијанците одиграа фантастично во Катовице и доминираа во сите три сета, оставајќи ги Словенците без никакви шанси да внесат поголема неивесност.

„Аѕурите“ победата што ги однесе во финалето голем триумф ги предводеше Даниеле Лавија со 14 поени, 12 запиша Јури Романо, а девет Алесандро Микелето. Кај Словенија најефикасен беше Клемен Чебуљ со 14 поени, а три поени помалку освои Тине Урнаут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот