Истражување: Количината на пластика во океаните е многу помала отколку што се мислеше

Фото: Anna Maloverjan / Panthermedia / Profimedia

Постои можност количината на пластика во океаните да е многу помала отколку што се претпоставуваше во последните две децении, односно да изнесува околу 3,2 милиони тони, а не од 50 до 300 милиони тони, како што се претпоставуваше претходно.

Како што пишува холандски „Тајмс“ (Nltimes), еден од заклучоците до кои дошле истражувачите од Универзитетот во Утрехт е дека многу повеќе пластика останува во реките, а многу помалку стигнува до океанот, пренесе „Политика.рс“.

Своите пресметки ги засновале на повеќе од 20.000 локации каде што правеле мерења.

Претходните проценки за количеството пластика во океаните главно се засноваа на официјални податоци за количината на пластика која се произведува годишно, што е околу 400 милиони тони или вкупно 10 милијарди тони од 1950-тите, од кои само шест отсто повторно се користат.

Врз основа на тие проценки, еколошките организации проценуваат дека повеќе од 10 милиони тони пластика завршуваат во океаните секоја година.

„Само мал дел од пластичен отпад стигнува до океанот. А она што останува во океаните лебди во големи парчиња многу подолго. Има многу помалку микропластика во водата отколку што се мислеше“, вели Микаел Кандорп, океанограф од Универзитетот во Утрехт.

Биологот Меријн Тинга е „претпазливо оптимистичен“ во врска со овие заклучоци, наведува холандски „Тајмс“.

„Се разбира, се надеваме дека има помалку пластика од очекуваното. Но, дури и ако количината на отпад е сто пати помала отколку што се мислеше, сепак е премногу. Посебно е лошо ако отпадот подолго се задржува во реките, каде што е релативно полесно да се исчисти“, смета Тинга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот