Нови детали за убиството на Саиф ал Ислам Гадафи, четворица напаѓачи влегле во куќата и го убиле
Саиф ал Ислам Гадафи, син на починатиот либиски лидер Моамер Гадафи, е убиен во западниот либиски град Зинтан, објавија доцна во вторникот неговиот адвокат Калид ал Заиди и советникот Абдула Осман.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Либиските медиуми објавија дека убиството се случило во неговата резиденција и дека го извршиле четири неидентификувани лица, со тврдења дека безбедносните камери на местото на настанот биле оневозможени пред нападот.
Канцеларијата на главниот обвинител на Либија отвори истрага за ова убиство, според извештаите на локалните медиуми.
Околностите на убиството засега остануваат нејасни, а либиските власти сè уште не издале официјална потврда.
Убиен Сеиф ал Ислам, син на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи
Преку својата Фејсбук страница, Муса Ибрахим, поранешен портпарол на режимот на Гадафи, напиша: „Го убија предавнички, додека тој сакаше обединета, суверена Либија, безбедна за сите нејзини граѓани… Ја убија надежта и иднината и сееја омраза и непријателство“.
Зборувајќи за атентатот, Ибрахим додаде: целта е ново крвопролевање, поделба на Либија и уништување на секој проект за национално единство, во служба на интересите на странците во земјата“.
Либиската новинска агенција објави соопштение од „444-та бригада“, поврзана со Министерството за одбрана на Владата на национално единство, кое „категорично“ ги негираше обвинувањата што кружеа на социјалните медиуми за нејзината поврзаност со судирите во градот Зинтан, како и веста за убиството на Саиф ал Ислам.
Откако беше заробен за време на вооружената револуција што го собори режимот на неговиот татко во 2011 година, Саиф ал Ислам живее во градот Зинтан, кој се наоѓа 136 километри југозападно од главниот град Триполи, но неговата точна локација не беше јавно позната дури ни по неговото ослободување во 2017 година, наведува Нова.рс.
Во последните години, името на Саиф ал Ислам повторно се појави на политичката сцена, поради споровите околу неговата кандидатура на претседателските избори, кои Либијците сè уште ги очекуваат со надеж дека ќе се стави крај на долгогодишната криза во земјата.
Либија останува поделена помеѓу две сопернички администрации: едната, предводена од Абдул Хамид Дбеибех во Триполи, која го контролира западниот дел од земјата, и другата, назначена на почетокот на 2022 година од Претставничкиот дом (парламентот), а предводена од Осама Хамад, со седиште во Бенгази, која управува со истокот и поголемиот дел од југот на земјата.


