Фото: МИА

Воен хеликоптер со петмина војници се урна во Чешка — еден од нив загина

Воен хеликоптер се урна денеска во воздухопловна база во источниот дел на Чешка, при што загина еден војник.

Хеликоптерот „УХ-1Y веном“ на чешката армија се урнал непосредно пред 13 часот по локално време во 22. хеликоптерска воздухопловна база во местото Намешт над Ославоу, во регионот Височина.

Во моментот на несреќата во леталото се наоѓале петмина војници.

„На местото интервенираат екипи од интегрираниот спасувачки систем. Дополнителни информации ќе објавиме веднаш штом дозволат околностите“, соопшти чешката армија.

Итната помош испратила четири копнени екипи и медицински хеликоптер од Јихлава, соопшти портпаролот на спасувачката служба Петр Јаначек.

— Едно лице не ја преживеа несреќата — изјави Јаначек, додавајќи дека на помош бил испратен уште еден спасувачки хеликоптер од соседниот регион Оломоуц.

ВИДЕО | Се урна хеликоптер во Саудиска Арабија, сите 14 лица загинаа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот