Испадна уште еден фаворит во Токио, Рубљов елиминиран

Крај за петтиот носител Андреј Рубљов на Мастерс турнирот во Париз/Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Петтиот носител на олимпискиот турнир во Токио, Андреј Рубљов е елиминиран во првото коло од Јапонецот Кеи Нишикори во два сета и тоа со 6:3,6:4.
Русинот немаше премногу среќа во жрепката бидејќи уште на стартот мораше да игра против одвојувачот на бронзениот медал од последните ОИ во Рио де Жанеиро кој полека се враќа во форма по повредата на грбот.

Нишикори на стартот направи брејк и поведе со 3:1, а потоа спаси две брејк топки и поведе со 4:1 во гемови. Но Рубљов се успеа да го врати брејкот и намали на 3:4, по што следеше рибрејк на Нишокори кој потоа со сигурен сервис дојде до 1:0 во сетови.
Во вториот сет, Нишикори еднаш го одзеде сервисот на Рубљов и тоа беше доволно за триумф од 6:4 и пласман во второто коло каде го чека дуел со Американецот Маркос Гирон кој беше подобар од Словакот Гомбос.

Од испаѓање се спаси Стефанос Циципас кој во три сета го победи ветеранот Филип Колшрајбер со 6:3,3:6,6:3. Нареден противник на Циципас ќе биде подобриот од дуелот помеѓу Френсис Тиафо и Сонвон Квон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот