Визуелното решение на Милан Димитриев и визуелното решение на Гоце Велески / Фото: МКЦ

Испадна дека и вториот дизајн е плагијат: МКЦ го поништи конкурсот за идејно-графичко решение

На почетокот од годината, Младинскиот културен центар распиша конкурс за идејно-графичко решение за визуелно обликување на сите програми и активности што ќе следат низ целата 2022 година. Но, денес оттаму соопштија дека конкурсот се поништува и дека нема да има победник.

„Намерата беше најискрена: како и многупати до сега, да ја вклучиме и јавноста, пред сѐ младите автори и преку формат на конкурс да избереме решение, кое сите заедно ќе нѐ обележи, поврзе, обедини и радува.

Но, со оглед на ситуацијата и двојбата што произлезе по објавување на прворангираните решенија, а со цел враќање на позитивната енергија и самиот јубилеј, програмскиот колегиум на МКЦ донесе одлука да не направи избор на идејно решение од апликациите и да го поништи конкурсот“, велат од МКЦ.

Како потсетување, првично за најдобро идејно-графичко решение беше избран трудот на Милан Димитриев. Но, бидејќи испадна дека неговото дело е ископирано, младиот автор беше диквалификуван. Како решение, МКЦ го прогласи второрангираниот Гоце Велески за победник на конкурсот.

За ситуацијата да биде уште поапсурдна, и визуелното решение на Гоце Велески испадна плагијат. Поради таа причина, МКЦ излезе со соопштение дека целосно го поништува конкурсот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот