Исчезнатото момче од Сплит видено во центарот на Белград? Камерите наводно го снимиле како влегува во такси

Матеј Периш исчезнат сплиќанец во Белград на новогодишната ноќ/Фото: Screenshot

Исчезнатото момче од Сплит, 27 годишниот Матеј Периш кој последен пат бил виден ноќта меѓу четвртокот и петокот околу 2.30 часот како го напушта клубот во кој бил со пријателите, наводно бил виден во центарот на градот како бара такси.

Според неофицијални податоци на на дел од српските медиуми тој бил снимен на некои камери како се обидува да запре такси на една од улиците во строгиот центар на градот, иако се уште никој не може со сигурност да потврди дека се работи за него.

Таткото на Матеј како и неговите пријатели ги отфрлаат сомневањата дека Матеј се удавил со оглед на тоа што оградата во тој дел од шеталиштето кај Бетон сала е доста висока.

Како што јавија вчера репортерите на срспките медиуми , полицијата цел ден и ноќта ја пребарувала реката и од брегот и од два чамци. Неофицијално, се сомнева дека Матеј по излегувањето од клубот „Готик“ паднал преку оградата, а таму дошол бидејќи гужвата во тоалетот била голема, па излегол надвор.

Н1 неофицијално дознава дека Матеј бил снимен од камерите лоцирани на левата страна на клубот „Готик“, во близина на пристаништето за бродови. На десната страна на влезот на клубот се наоѓал брод што организира речни обиколки, односно обиколка на градот, поради што Матеј морал да помине покрај неколку локали.

Сакото му останало во локалот, носел само црна маица, панталони и црни патики со бел ѓон.

Неговиот татко Ненад Периш, кој вчера пристигна во Белград, исто така гиотфрла сомневањата дека неговиот син паднал и се удавил во реката

– Матеј тренираше ватерполо, беше исклучително силен тип, спортист, непушач… Мислам дека апсолутно неговата состојба и неговата состојба, познавање на пливање и вештини, не доаѓа предвид да падне во река и тоа би било околност што може да доведе до трагичен случај – изјави вчера Периш.

 


 

Матеј Периш (27) од Сплит последен пат бил виден околу 2 часот и 30 минути на 30 декември во ноќниот клуб „Готик“, каде бил со неколку негови пријатели со кои дошол во Белград за прослава на новогодишната ноќ.

ВИДЕО| Две верзии за исчезнувањето на сплиќанецот Матеја во Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот