Ирина Шајк е најмодерната мајка помеѓу супермоделите: Прекрасната Русинка ги полуде обожавателите во комплетот на Ким Кардашијан! (ФОТО)

Фотографија: Instagram

Руската манекенка и светски супермодел Ирина Шајк (34) е најмодерната мајка меѓу манекенките, а овој пат повторно го привлече вниманието на јавноста.

Откако Ирина стана мајка, улиците во Њујорк станаа нејзина лична писта, а овојпат беше фотографирана во четвртокот попладне, додека ја носеше својата ќерка во градинка.

Манекенката шеташе низ њујоршките улици во „Skims“ сет, комплет дизајниран од најпознатата ријалити везда на светот, Ким Кардашијан (39) и изгледаше неверојатно убаво и секси.

Супермоделот ја покажа својата фантастична фигура во краткиот сет и црни кожни чизми до колена, истакнувајќи ги ултра-долгите и затегнати нозе со кои го освои светот. Ирина носеше чанта со принт од зебра, а косата ја собра во „мрзлива“ пунџа. Изгледот го надополни носејќи темни очила и кафе во раката, а изгледаше малку уморно затоа што штотуку се врати од модната недела во Милано.

Погледнете го модниот избор на Ирина што ги доби сите позитивни критики од модните критичари:

Ирина Шајк во комплетот „Skims“
BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia
 BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот