Фото : Архива

Ирански хакери се обиделе да украдат академска литература и материјали од универзитети во Европа, САД и Австралија

Дипломатските односи помеѓу Иран и Холандија се тензични од минатата година откако Техеран е обвинет дека планирал две политички убиства поради што ЕУ воведе санкции. Иран негира вмешаност во нападите врз иранските дисиденти во Холандија.

Универзитетите во Европа, САД и во Австралија последните месеци биле на мета на иранските хакери, соопшти консултантската фирма „Прајсвотерс Купер“.

Холандската медиумска куќа НОС наведе дека не е познато дали нападите врз комјутерските системи биле успешни, вклучително и тие врз три универзитети во Холандија.

Според Гервин Набер од „Прајсвотерс Купер“, хакерите се обиделе да украдат академска литература и материјали потребни во иранските училишта.

Дипломатските односи помеѓу Иран и Холандија се тензични од минатата година откако Техеран е обвинет дека планирал две политички убиства поради што ЕУ воведе санкции. Иран негира вмешаност во нападите врз иранските дисиденти во Холандија.

САД минатата година обвинија девет ирански хакери дека под спонзорство на властите во Техеран учествувале во хакерски напад и кражба на интелектуална сопственост.

Министерството за финансии на САД исто така воведе санкции против десет ирански државјани и една компанија поради хакерски напади врз неколку стотина универзитети. Иранските власти ги негираа обвинувањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот