ИНФОГРАФИК: „Битка“ за медиумскиот колач вреден милиони евра! Еве кои портали заработиле најмногу!

фото: Слободен Печат

Во последните неколку години кај нас, како и во светот, сè повеќе читатели ги користат онлајн-медиумите за добивање на информации, на штета на традиционалните медуми (весниците и телевизиите).

Овој бизнис е во значителна експанзија, каде во етерот има повеќе од 100-тина онлајн-медиуми, кои меѓусебно се „борат“ за поголем дел од пазарниот колач. Сепак, во споредба со приходите, тие се уште не можат да се споредат со истите кои ги остваруваат весниците и телевизиите.

Бројките покажуваат дека има пораст во работењето од околу седум проценти на годишно ниво, со остварени околу 198,5 милиони денари или над 3 милиони евра, што е потврда дека успеале да обезбедат поголема продажба на својот медиумски простор.

Инаку тука може да се додаде дека според тоа колку од интернет-порталите се регистрирани како невладини огранизации, овој пазар можеби вреди и тројно повеќе од оваа бројка од над 3 милиони евра.

Според информациите, најголем дел од порталите своите приходи ги обезбедуваат од реклами и од грантови преку невладиниот сектор.

Голем процент од нив се регистрирани како трговски друштва, но и како невладини огранизации при што имаат одредени бенефиции при пријавувањето на даноците, како и при остварените приходи и добивки.

Финансиските податоци на интернет-порталите покажуваат дека минатата година кај најголем дел од нив пораснале вкупните приходи.

Минатата година, вкупните приходи на останатите актуелни портали изнесуваат: netpress.com.mk со 7.229.869 денари, opserver.mk со 45.775 денари, Friday.mk со 332.815 денари, 24info.mk со 147.000 денари, biznisregulativa.mk со 28.751.157 денари.

Под притисок на силната конкуренција, еден дел од порталите ги намалиле приходите од работењето.

Останатите портали кои се појавуваат во онлајн-просторот се на останатите традиционални медиуми, телевизија, весници и радија.

Во иднина се очекува онлајн-медиумите да се развиваат со забрзано темпо, но тие сè уште ќе треба да се борат на медиумскиот пазар, за да може да се приближат до останатите традиционални медиуми.

За повеќе информации за остварените приходи на интернет-медиумите, како и традиционалните, може да прочитате на Analitika.mk.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот