Инфектологот Каламарас на Фејсбук: Со вашите теории на заговор убијте го целиот персонал, па со вашите теории на заговор ќе се лечите сами

Треба ли да има помор на целиот народ за да сфатите дека вирусот е тука и е помеѓу нас?, пишува Каламарас на Фејсбук.

Инфектологот Патриција Каламарас, вработен во инфективното одделение во ГОБ „8 Септември“ на својот Фејсбук статус упати неколку пораки до сите оние кои не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

Во продолжение ви го пренесуваме нејзиниот статус:

„Дали мислите дека со негирање за постоење на вирусот ќе го избегнете вирусот?

Дали мислите дека со вашето надмудрување и непочитување на препораките ќе го избегнете виурост?

Дали мислите дека е во ред да го уништите наш макотрпен труд, одрекување од фамилиите, одрекување од нормален живот со обвиненија дека се е измислица и дека ќе се избегне трудот?

Дали мислите дека го заслужуваме ова ние кои постојано бдееме над вас?

Дали мислите дека мерките кои се донесуваат се против вас и дека некој сака да ви наштети?

Прочитајте и...  Заев: Со БЕСА првпат историски и вистински формиравме мултиеничка коалиција за изборите

Дали сте свесни дека со непочитувањето на мерките еден ден ќе не убие сите нас?

Уште колку време треба да помине за да се уверите дека над сите нас виси мечот на смртта?

Треба ли да има помор на целиот народ за да сфатите дека вирусот е тука и е помеѓу нас?

Дали сте свесни дека здравствениот персонал е на работ на силите?

Ќе се лечите сами?

А лекови?

Заштитна опрема?

Почна да се разболува персоналот.

А зошто?

Затоа што вирусот не постои?

Едно големо благодарам од името на целиот медицински персонал за вашата почит кон нас. Ете со вашите теории на заговор убијте го целиот персонал, па со вашите теории на заговор ќе се лечите сами“, пишува Каламарас.

Прочитајте и...  Масовни отпуштања од работа во Германија

Прочитај повеќе

СЗО го разгледуваат отвореното писмо од научниците за нови препораки за заштита од коронавирус

Слободен печат

Градоначалничката на Атланта е позитивна на коронавирус (ВИДЕО)

Слободен печат

Бабовски: До крај на јули може да се аплицира за добивање субвенции за земјоделството по Програма 2020 година

Слободен печат

Британската амбасадорка во Црна Гора запрепастена: Минувач намерно кашлаше во нас

Слободен печат

Заев: Забегуваат политичарите после два мандати, долгото седење во власта направи богови од ДУИ

Слободен печат

Ендрус: Мелбурн повторно под карантин, ситуацијата е покомплицирана од претходно

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ГДУ: Заев, Мицковски и Ахмети да се откажат од пратеничките или премиерските плати и бенефиции

Слободен печат

СЗО: Коронавирусот мутирал откако почнал да се шири низ светот

Слободен печат

Забраната за летови меѓу Грција и Србија до 15 јули

Слободен печат

Заев ги најави Еколог, ИКЕА и Блекстон, Мицкоски вети но не ги откри трите големи интернационални инвестиции

Слободен печат

Косово со најголем број на заразени во еден ден: Нови 195 случаи на коронавирус

Слободен печат

Андоновиќ: Хрватската опозиција најголем губитник на изборите (ВИДЕО)

Слободен печат