Имате проблем со акни на грбот? Проверете дали и вие ја правите оваа грешка

Акните не се ништо необично на било кој дел од телото, но ако се појават на грбот можат да бидат долгорочен проблем.

За среќа, дерматолозите ја открија најчестата грешка која го предизвикува овој проблем.

Како што наведуваат, неправилниот редослед при бањањето и туширањето може да предизвика акни на грбот.

Поточно, ако прво ја миете косата, па додека имате регенератор на неа го миете и телото, и вие ја правите грешката.

Косата треба прво добро да ја измиете и да нанесете регенератор. Потоа да ја соберете со штипка. Потоа темелно измијте го телото. Откако ќе ја исплакнете косата, не заборавајте уште еднаш да нанесете гел за туширање или сапун со цел да ги отстраните сите хемикалии кои претходно ги нанесовте на косата.

Средствата за коса кои доаѓаат во допир со кожата може да ви наштетат на порите. Затоа од клучно значење е регенераторот или маската да не остане на кожата на грбот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот