Има само 10 години, „лом“ прави на терен, а животот веќе му е обележан со успех: ова е животната приказна на синот на славниот фудбалер

Откако татко му премина во Јувентус, во 2018 година (за 100 милиони евра), Кристијано Џуниор се вклучи во клупскиот подмладок и во првата година играше за екипата до девет години, а постигна речиси двојно повеќе голови од татко му кога бил на негови години.

View this post on Instagram

Good night ??

A post shared by ? Cristiano Ronaldo Junior ? (@cristiano.ronaldo.jrr_) on

Кристијанињо во текот на 28 натпревари постигнал 58 голови, а покрај тоа, имал и 18 асистенции. Татко му, Кристијано, тогаш кажал дека неговиот најстар син подобро се адаптирал на животот во Торино од него, а Џуниор вели дека ќе биде подобар фудбалер од татка си. Секако, тоа нема да биде лесно да се постигне, но судејќи по првите фудбалерски години, воопшто не е невозможно.

Кристијано Џуниор е роден во 2010 година, го родила сурогат мајка од САД, а славниот фудбалер наводно, ѝ платил 10 милиони долари за да остане анонимна, без било какви права на синот.

За момченцето се грижела мајката на Роналдо, Долорес, која во 2014 година во автобиографијата „Мајка на храброста“ наведува дека внукот го презела од неименувана приватна болница на Флорида додека синот, со португалската репрезентација, играл на Светското првенство во Јужна Африка.

View this post on Instagram

With the grandmother ❤

A post shared by ? Cristiano Ronaldo Junior ? (@cristiano.ronaldo.jrr_) on

Кога Кристијано ѝ кажал дека ќе стане татко, ѝ кажал и дека би сакал да му помогне во растењето на детето и да му даде толкава љубов каква што таа му дала нему.

Седум години подоцна, Кристијано повторно преку сурогат мајка, добил уште две деца, близнаци, кои, исто така, се родени во САД, Ева Марија и Матеа.

Не многу долго потоа, славниот фудбалер објави на социјалните мрежи дека неговата девојка Џорџина Родригез е бремена, па така семејството во 2017 година се зголеми за уште едно дете – пристигна девојче со име Алана Мартина.

View this post on Instagram

Happiness in this photo #cristiano #cr7juve #georgina

A post shared by ? Cristiano Ronaldo Junior ? (@cristiano.ronaldo.jrr_) on

Идентитетот на мајките на првите три деца на Роналдо не е познат и така ќе остане. Славниот фудбалер вели дека, кога неговиот син Роналдо ќе порасне, еден ден ќе му ја открие тајната – која му е мајка.

Меѓу другото, Роналдо вели дека сака да има седум деца, и дека таа идеја потекнала токму од Кристијано Џуниор. Ни синчето нема ништо против бројот седум, зашто седум го смета за магичен број.

Дали тоа ќе се случи, останува да видиме. Кристијанињо, до сега, докажа дека го наследил талентот од татка си, а на Инстаграм веќе станува ѕвезда.

Додека Роналдо има 205 милиони пријатели на социјалните мрежи, неговиот син кој неодамна дебитираше на Инстаграм за помалку од 24 часа собра над 770.000 пријатели.

Кристијано Џуниор на фановите им се претставил на четири јазици – англиски, шпански, португалски и италијански. Видеото пак, кое го постирал веднаш станало хит – во првите 19 часа прегледано е над 2,6 милиони пати!

View this post on Instagram

Good night ❤❤

A post shared by ? Cristiano Ronaldo Junior ? (@cristiano.ronaldo.jrr_) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот