Илон Маск / Фото EPA-EFE/Lukasz Gagulski

Илон Маск и уникатните имиња на неговите деца: Литература, наука и видеоигри како инспирација

Илон Маск откри како тој и неговата партнерка Шивон Зилис ги одбрале имињата на своите четиригодишни близнаци, Страјдер Секхар Сириус и Азур Астра Алис, кои ги добиле во ноември 2021 година. Маск ги објасни значењата на имињата на „Икс“, по објавувањето на фотографија со децата на еден настан во 2025 година.

Илон Маск – Фото: Принтскрин/ Икс

„Јас со мојот син, Страјдер Секхар (именуван по Арагорн (Aragorn) и големиот индиски физичар Субрахманјан Чандрасекар (Subrahmanyan Chandrasekhar)) и ќерката, Комет Азур (именувана по најмоќната магија во Елден Ринг (Elden Ring))“, објасни Маск.

За оние што не знаат, Страјдер е прекарот на Арагорн, лик од „Господарот на прстените“ (The Lord of the Rings), додека Елден Ринг е видео игра која Маск во 2022 година ја опиша како „најубавата уметност што некогаш сум ја видел“.

Маск, кој е татко на вкупно 14 деца, е познат по тоа што дава уникатни имиња. Со пејачката Гримс има петгодишен син X Æ A-Xii, чијшто име морало да се промени од X Æ A-12 за да ги задоволи законотите на Калифорнија.

Двојката исто така има четиригодишна ќерка Ексу Дарк Сајдреал и тригодишен син Техно „Тау“ Механикус. Гримс ги објаснила сложените значења на имињата, поврзувајќи ги со непознати променливи, елфски писма, суперкомпјутери и „убавата мистерија на нашиот универзум“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот