Илон Маск / Фото EPA-EFE/TOLGA AKMEN / POOL

Илон Маск бутално ѝ одговори на Били Ајлиш: „Не си најпаметна“

Односот меѓу пејачката Били Ајлиш и технолошкиот магнат Илон Маск привлече големо внимание на интернет, а повод беше статусот на Маск идниот билионер. Разговорот за богатството и општествената одговорност ги подели мислењата на јавноста, откако Ајлиш ги искитикува богаташите, по што основачот на Тесла не остана должен.

Сè започна  овој месец, кога 23-годишната пејачка на доделувањето на наградите „Innovator Awards на Wall Street Journal“ ги повика светските богаташи да го донираат својот капитал.

„Во моментот светот е навистина тежок и мрачен, луѓето имаат потреба од емпатија и помош повеќе од кога било, особено во нашата земја“, им порача Ајлиш на присутните.

„Ако имате пари, би било добро да ги искористите за добри дела и можеби да им помогнете на оние кои навистина имаат потреба“, додаде таа, упатувајќи директно прашање: „Ви се допаѓате сите, но тука се неколку луѓе кои имаат многу повеќе пари од мене. Ако сте милијардер, зошто сте милијардер?“

Нејзините изјави се поклопија со вестите дека Маск и управата на Тесла договориле најголем корпоративен пакет за исплата во историјата. Ако ги исполни зададените цели во наредните 10 години како испорака на 20 милиони возила и лансирање на флота од еден милион самостојни такси – Маск би можел да стане првиот светски билионер.

Соочена со оваа вест, Ајлиш, чиј капитал се проценува на 53 милиони долари, директно го прозва Маск, нарекувајќи го „патетичен плачко“.

Краток и брутален одговор на Маск

Маск брзо одговори на социјалната мрежа Икс и кратко напиша:

„Таа не е најпаметна“.

Илон Маск – Фото: Икс

Поделени реакции

По изјавата на Маск, многумина застанаа во одбрана на пејачката.

„Ако така зборува за уметник кој освои Греми, не можам да замислам што мисли за останатите од нас“, напиша еден корисник. Друг додаде: „Тој знае за овие светски проблеми на кои може да помогне, а сепак не прави ништо. Ох, Били, секогаш ќе бидеш во право“, „Навредувањето на Били ништо не менува. Таа постави валидно прашање за милијардерите и нивната одговорност“.

Од друга страна, многумина застанаа на страната на Маск, тврдејќи дека славните личности како Ајлиш немаат право да им кажуваат на другите како да го трошат својот капитал.

„Неговите пари, негов избор“, „Зошто сите сакате да им кажувате на богатите како да ги трошат парите за кои се потрудиле?“ напишаа некои корисници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот