Игор Џамбазов откри помалку позната приказна за Дуле од „Дуле и Коки“
Игор Џамбазов има интересна приказна поврзана со Душан Љубисављевиќ – Дуле, едната половина од дуото „Дуле и Коки“, кој за жал почина од канцер на 23 септември 2013 година.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Коки Јанков сподели интересна и емотивна приказна за настанувањето на „Песна за Дуле и Коки“, откривајќи детали кои досега се помалку познати на пошироката јавност.
Како што раскажува Јанков, сè започнало со покана од Игор Џамбазов за гостување во емисијата „Бинго“ на Македонската телевизија. Непосредно пред да влезат во студио, Џамбазов ја зел гитарата и им ја отсвирел и отпеал песната, во еден спонтан и искрен момент.
„Игор Џамбазов нè покани кај него на ‘Бинго’ на Македонската телевизија. Пред да влеземе во студио, ни ја испеа ‘Песна за Дуле и Коки’, со гитара. Во истиот момент Дуле ја сними на мобилен телефон (една мала нокија), за подоцна таа снимка да се најде на третиот наш албум, со оригиналната снимка од телефонот.
На неговиот концерт во ‘Борис Трајковски’ ја испеавме заедно, а сега конечно ‘Песна за Дуле и Коки’ се најде на албумот ‘Навикни на промени’ со студиска снимка. Уживајте.
Се гледаме на 14 ноември во ‘Македонската филхармонија’, со многу гости!“, најави Коки.
„Ова е единствената песна во Македонија снимена на мобилен телефон“, откри Џамбазов на концертот во 2013 година.
Повеќе од половина од новиот албум на Никола Јанков – Коки, „Навикни на промени“, е промовиран во изминативе шест недели на дигиталните платформи.


