Идрис Елба стави крај на повеќегодишните шпекулации: „Никогаш не бев кандидат за Бонд“
Идрис Елба тврди дека никогаш не бил сериозен кандидат за улогата на Џејмс Бонд, и покрај повеќегодишните шпекулации дека е меѓу најсериозните можни наследници на Даниел Крег. Актерот изјави ексклузивно за „Пипл“ на премиерата на својот нов филм во Лос Анџелес.
Препорачано
Кога го прашале како се чувствува што неговото име се споменува со години во контекст на новиот филм за 007, 53-годишниот Елба дал многу јасен одговор на премиерата на филмот „Господари на универзумот“, одржана во понеделникот, 18 мај.
„Моето име е не е во играта, нема шанси“, рекол тој и додал: „Тие бараат некој помлад. Им ја посакувам сета среќа на светот. Едвај чекам да видам како тоа ќе изгледа, ќе биде неверојатно. Искрено, никогаш не бев во трката. Воопшто не бев кандидат.“
Славниот актер и претходно зборуваше на оваа тема. Во гостувањето во 2023 година во поткастот „SmartLess“, тој признал дека бил исклучително поласкан од гласините за преземање на улогата на Бонд, но и дека бил згрозен кога дискусијата се свела на прашањето за расата.
„Сите ние сме актери и разбираме дека тоа е една од оние улоги што секој ги посакува. Тоа е како да ве прогласат за најсексапилен маж на светот“, рекол тој тогаш, алудирајќи на титулата што му ја додели списанието „Пипл“ во 2018 година.


