Камиони на граница / Фото: Драган Митрески - Слободен печат

И српските камионџии го прекинуваат протестот

Превозниците во Србија ќе ја прекинат блокадата на товарните премини денес во 15 часот, неофицијално дознава „Блиц бизнис“. Денес е  петтиот ден од блокадата на товарните гранични премини. На оваа одлука ѝ претходеше заеднички состанок меѓу возачите на камиони од Србија и превозниците од Босна и Херцеговина.

ЕУ почна да работи на решавање на проблемот на возачите од Западен Балкан

ЕК презентираше нова стратегија за визи, која вклучува предлог што би го решил проблемот со ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната. Блокадите на возачите на камиони започнаа напладне во понеделник, 26 јануари, а превозниците изјавија дека ќе ги блокираат премините додека не се најде решение за ограничување на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната.

Европска комисија: Потребно е системско решение на ниво на ЕУ за проблемот со возачите на камиони

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот