И јас би избегал од руските болници

epa08670425 Sam Querrey of the US hits a backhand in his first round match against Pedro Martinez of Spain at the Italian Open in Rome, Italy, 15 September 2020. EPA-EFE/Clive Brunskill / POOL

Поранешниот тренер на Марија Шарапова, Мајкл Џојс, го поддржа американскиот тенисер Сем Квери кој избега од карантинот во Санкт Петербург и со приватен авион ја напушти Русија откако беше утврдено дека е позитивен на коронавирус.

Џојс кој шест години беше работеше со Шарапова изјави дека ја разбира одлуката на Квери да не прифати да се лекува во руска болница.

Без шега, и јас би го направил истото да имам сопруга и дете кое има само осум месеци. Нема шанси да бидам во руска болница и 14 дена ка бидам одвоен од детето – порача Џојс.


Сем Квери вчера изнајми приватен авион со кој ја напушти Русија и замина во неименувања европска држава. Со ваквиот потег Квери ги прекрши протоколите за коронавирусот на организаторот, а АТП веднаш започна истрага и можно е тенисерот да добие драконска казна.
Тоа значи парична казна до 100.000 долари или може да биде суспендиран максимално до три години.

Од руга страна има и тенисери кои сметаат дека Американецот направи голема грешка, а еден од нив е Александер Зверев.
– Сликата на Русија во американските медиуми не е добра. Јас бев во Санкт Петербург во 2016 година и не е толку лошо како што некои мислат. Квери не испадна паметен со потегот кој го направи и си влезе во проблеми со АТП – изјави Зверев.

Американски тенисер предизвика скандал во Русија, се зарази со корона, одби да оди во карантин и избега со авион

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот