Американски тенисер предизвика скандал во Русија, се зарази со корона, одби да оди во карантин и избега со авион

epa07895292 Sam Querrey of USA in action against Alexander Zverev of Germany during their men's singles quarter-final match at the China Open tennis tournament in Beijing, China, 04 October 2019. EPA-EFE/WU HONG

Сем Квери се соочува со драконска казна поради скандалот кој го предизвика на турнирот во Санкт Петербург.

Моментно 49. тенисер на светот беше позитивен на коронавирус за време на учеството на турнирот во Санкт Петербург и наместо да остане во карантин, Квери заедно со сопругата и синот избега од него и со приватен авион замина во неименувана европска држава.

АТП веднаш покрена истрага против Квери и се очекува во најскоро време драконски да го казни американскиот тенисер.

Квери до крајот на годинава се пријави за учество на неколку турнири меѓу кои и Мастерсот во Париз, но со последниот потег, најверојатно предвреме ја заврши сезоната.

„ Тенисерите и членовите на нивните тимови мораме да ги потсетиме дека секое прекршување на протоколот може да го доведе во прашање одигрувањето на целиот турнир како и да има последици и по турнирите кои следат по овој турнир. Според нашиот правилник ова е сериозен прекршок и затоа е покрената истрага“, објави АТП.

Според правилникот на АТП, казната за ваков прекршок е 100.000 долари и максимална казна со забрана на учество на турнири во наредните три години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот