„И душата да ја продадеме, немаме пари за ова“, најскапиот автомобил на Саемот за автомобили во Белград чини неверојатни 400.000 евра

Белградски саем/ Фото: Википедија

Во следните седум дена Белградскиот саем е Мека за љубителите на автомобили. Има и такви кои се спремни да издвојат неколку стотици илјади евра за посакуваниот автомобил, но има и такви кои дошле само „да исплакнат очи“, рапортира Нова.рс.

Најевтините автомобили чинат во просек околу 15.000 евра, а ѕвезда на овогодинешниот саем е KTM X БОВ-XР чија цена се искачува до неверојатни 400.000 евра! Многу луѓе се задоволни од опцијата за изнајмување, како што е онаа за автомобилот Масерати чија цена е вкупно 98.000 евра. Месечната кирија со ДДВ е 1.700 евра, а закупот е можен до 40 месеци. Како што вели еден од излагачите, луѓето во моментов се поприемчиви за оваа опција. Посебна гужва имаше покрај возилото BMW XM чија цена е 197.000 евра.

Веќе во првите часови од отворањето на саемските порти се појавиле тројца заинтересирани купувачи. Останатите само гледале и фотографирале. Повеќето од посетителите дошле да ги видат нивните омилени модели, но малкумина имаат пари да платат дури и за оние што се сметаат за попристапни автомобили. Дел од граѓаните се интересирале за купување автомобил на кредит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот