Хрватски полицајци испратени во Белград да помогнат во потрагата по исчезнатиот Матеј Периш

Тим од претставници на хрватската полиција е испратен во Белград да помогне во потрагата по исчезнатиот Матеј Периш од Сплит, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Андреј Пленковиќ фото: AFP / Profimedia

 

„Што се однесува до исчезнатиот Матеј Периш, побарав од министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ да испрати тим од претставници на хрватската полиција во Белград.

Пленковиќ додаде дека постојано се работи во двенасоки , едната во директен разговор меѓу полицијата, а другата во политичко-конзуларни активности што ги води Хрватската амбасада во Белград.

„И затоа сакаме да им се заблагодариме на полицијата во Белград и на сите кои се ангажирани во потрагата на исчезнатиот Периш и на овој начин дополнително да да дадеме заеднички придонес во сите досегашни активности во потрагата. Правиме се што може од аспект на интересот да го заштитиме нашиот граѓанин, момчето од Сплит кое замина во Белград и за жал сè уште се води за исчезнато“, изјави Пленковиќ.

Игор Јуриќ открива контроверзи околу исчезнувањето на Матеј Периш/Фото: Скриншот


Потрагата по 27-годишниот Матеј Периш од Сплит, кој исчезна во Белград, влезе во 11-ти ден, а засега нема информации што се случувало ноќта меѓу 30 и 31 декември кога последен пат бил виден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот