Христијан Илиоски запиша нови две победи во БМУ Европскиот шампионат

фото: facebook/Hristian Iliovski KIKO 90

Христијан Илиоски, македонскиот мотоциклист победнички се враќа од Афион Карахисар, Турција, втората трка во рамките од БМУ Европскиот шампионат. Нашиот натпреварувач успеа на двете трки да го освои првото место, така, собра по 25 поени од двете трки.

На првата трка со својата „Јамаха“ имаше време до 2:33.445 пред Романецот Николас Кочиу на второто и Арис Шишман од Турција. Петтопласиран беше Зоран Каранфиловски на „Хонда“ со време 3:16.702.

На втората трка Илиоски по седум круга имаше време од 2:33.126, исто така редоследно пред Кочиу и Шишман, додека Каранфиловски овојпат заврши на четвртото место (3:04.693). Сите резултати ТУКА

– Поради обилните дождови повторно натпревар во кал, на патеката од светски ранг, задоволство да се вози. Благодарност до мојот клуб, моите спонзори и моето семејство – стои во објавата на Илиоски.

Следен предизвик за Илиоски ќе бидат трките во Босна и Харцеговина каде ќе учествува на БМУ Европскиот и Алпе Адриа Шампионатот.

Македонскиот мотоциклист Илиоски со две први места ја започна сезоната во БМУ Европскиот шампионат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот