Македонскиот мотоциклист Илиоски со две први места ја започна сезоната во БМУ Европскиот шампионат

фото: facebook/Hristian Iliovski KIKO 90

Христијан Илиоски донесе нов голем резултат за македонскиот мотокрос спорт, откако успешно ја започна новата сезона во MX БМУ Европскиот шампионат.

Нашиот мотоциклист имаше одличен старт со освоено прво место и во двете трки во Кавала, Грција со вкупно максимални 50 поени.

Најдобриот круг на Илиоски изнесуваше 01:55.196 мин. Сите резултати од трките во Кавала можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА

Претходно Илиоски ја започна новата сезона во 2023 со две први места во рамките од Државниот Шампионат на Македонија без зимски подготовки.

Во текот на минатата година ја завери 11 титула шампион на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот