ХОРОР ВО МЕКСИКО – Пронајдени 44 раскасапени тела, се сомнева дека се УБИЕНИ СТУДЕНТИ

Мексичките форензичари успеаа да ги идентификуваат 44-те раскасапени тела фрлени во бунар во државата Халиско во западниот дел на Мексико.

Човечките остатоци се пронајдени надвор од градот Гвадалахаре во 119 црни вреќи.

Телата биле буквално раскасапени и во многу делови, така што патолозите морале да склопуваат различни делови за да можат да ги идентификуваат. Многу делови се уште не се идентификувани.

Локалната организација, која трага по исчезнатите, апелирала Владата да упати повеќе експерти кои ќе помогнат при идентификацијата.

Раскасапените тела се пронајдени на почетокот на месецот кога локалните жители започнале да се жалат на непријатниот мирис.

Се верува дека станува збор за студенти кои исчезнале во 2014 година и кои се убиени во заедничка операција на корумпираната полиција и нарко бандите.

Во меѓувреме, од затвор е ослободен еден од главните осомничени за исчезнувањето на студентите на 26 септември 2014 година.

Судијата наредил ослободување на Хилдард Лопез Астудиља, водичот на нарко бандата кој е обвинет дека го наредил убиството на студентите, откако е утврдено дека е мачен во затвор.

Халиско е домашен терен на една од најнасилните нарко банки и ова е втор пат од почетокот на годината на ова место да е пронајден голем број на мртви тела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот