Хорнер: Сè се менува, само патеката во Монако не – мора да има промени

EPA-EFE/ALI HAIDER

Шефот на Ред бул смета дека со сегашната конфигурација на патеката, која не се променила од 1929 година, претекнувањата денес се речиси невозможни и нешто мора да се поправи за славната трка да опстане

Директорот на Формула 1 тимот на Ред бул, Кристијан Хорнер, верува дека конфигурацијата на патеката во Монако треба да се промени за да се обезбеди долгорочна иднина на оваа славна трка.

Според Британецот претекнувањето во Монте Карло во моментов е речиси невозможно.

Од основањето на ГН на Монако во 1929 година, патеката немала големи промени. Со текот на годините болидите значително се менуваа и со нивните сегашни димензии (патеката е широка широка два метри) многу е тешко да има претекнување.

Ова ја прави стартната позиција во Монако поважна од било која друга трка.

Според Хорнер на Монако ќе му користи промена на конфигурацијата на патеката, за да има сигурно место во календарот.

– Тракава е уникатна. Ако некој ја понуди оваа патека денес, таа не би била прифатена. Но, возиме овде затоа што тоа е Монако, има историја, наследство, позадина и гламур. Монако е многу важен дел од календарот и за нас е многу вредна трка. Секогаш е возбудливо кога доаѓаме овде. Капацитетите овде многу се променија со текот на годините. Единственото нешто што не се промени многу е патеката, а сега болидите се преголеми за претекнување. Значи, на долг рок мора да има промени – објасни Хорнер.

На последното издание на ГН на Монако, победи Макс Верстапен од Ред бул, кој водеше од стартот до крајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот