Хорнер: Саинц беше премногу робустен, возеше како да се бори за живот
Шефот на Ред бул го критикуваше возењето на возачот на Ферари во Монца, чии дефанзивни потези предизвикуваа негодување кај водечкиот тим во Формула 1
Директорот на тимот на Ред бул, Кристијан Хорнер, имаше критички коментар за начинот на дефанзивното возење на возачот на Ферари, Карлос Саинц, во однос на Макс Верстапен на трката за ГН на Италија.
Препорачано
Возачот на Ферари успеа да го задржи водството во воведните 14 круга од трката, бранејќи се успешно од Верстапен кога овој правеше обиди да го претекне.
Саинц се бореше напорно за да ја задржи првата позицијата, но во еден момент мораше да го пушти Верстапен да помине во 15. круг кога направи грешка и падна на втората позиција.

Дефанзивните потези на Саинц предизвикуваа негодување кај Ред бул, а Хорнер верува дека тие биле на граница на дозволеното.
– Карлос беше премногу робустен, на моменти блокираше предоцна. Но, тој вози Ферари, во Монца, нормално е да се брани како да се бори за својот живот. Некако го очекувавме тоа – изјави Хорнер.
Саинц стартуваше од пол-позицијата, фанатично се бореше, но на крајот завши зад двата возачи на Рд бул, Верстапен и Серхио Перез.


